Оваа политика за приватност има за цел да појасни и образложи каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на нашата интернет страна и се однесува само за www.anhoch.com и поддомените.

Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни или контролорите кои ги управуваат таквите веб страни.

Заштитата и сигурноста на податоците на корисниците на онлајн купување на веб порталот www.anhoch.com се една од приоритетните задачи на нашата компанија.

Друштво за производство, промет и услуги ПТД Анхоч ДООЕЛ Скопје посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси.

Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.

Лични податоци кои се собираат

Доколку од Ваша страна е направена регистрација на оваа веб страна, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат единствено за потребите за достава на производот, реализација на плаќањето, како и за рекламирање на производи и услуги обезбедени од наша страна, доколку ја имате избрано оваа опција, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка ги издвојуваме:

  • Име и презиме
  • e-mail адреса
  • Адреса за испорака на нарачката и
  • телефон за контакт.

Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.

ПТД АНХОЧ ДООЕЛ СКОПЈЕ го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.

Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите неточни лични податоци и информации.

ПТД АНХОЧ ДООЕЛ СКОПЈЕ има усвоена политика за сигурност и заштита на податоци, со што ја демонстрира посветеноста на нашата фирма кон заштитата на приватноста на клиентите. Со исклучок на податоците од финансиска природа, сите информации кои ги собираме од веб страната се исклучиво за наша употреба (релација со корисници, следење на нарачка итн.) и истите не се предаваат на други лица за било каков основ. Не собираме никакви информации од финансиска природа, како број на картичка и сл. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на ____________________ банка со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување на  трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на ____________________ банка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.

Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица. Ги превземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.

Колачињаа (Cookies)

Заради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите нашите веб страници, нашиот веб сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата т.е. посетата на веб страниците. Исто така, во одредени случаи ќе запишеме информации во форма на „Cookies“ на вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на веб страниците според вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на корисникот од страна на веб серверот.

Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на ____________________ веб услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена.

При вашата посета на веб страниците на ПТД АНХОЧ ДООЕЛ СКОПЈЕ нема да вршиме прибирање на лични податоци, освен во случаи кога доброволно ќе ги дадете овие информации, на пример, при електронски нарачки, анкети, наградни игри или барања за информации.

Личните податоци кои се собираат за време на вашата посета на веб страницата се обработуваат согласно позитивните прописи на Република Северна Македонија. Притоа, податоците поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска.

ПТД АНХОЧ ДООЕЛ СКОПЈЕ ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка.

Со помош на ваквите фајлови се следи движењето на посетителите на страната по неа, и на тој начин се собираат податоци како да се оптимизира и унапреди функционалноста на страната. Овие фајлови не се поврзуваат со ваши лични податоци.

Сите информации кои се запишуваат во колачињата, ПТД АНХОЧ ДООЕЛ СКОПЈЕ  ќе ги користи исклучиво за потребите на web услугата или за статистички потреби и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. Доколку вашите лични податоци треба да бидат запишани во колачињата, тоа ќе биде со ваша претходна согласност.

Повеќе информации за тоа што се "cookies" и какви типови има можете да најдете овде

 

Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг

Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите производи и услуги или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите производи и на претстојни настани.

Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. 

Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас.

Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.

Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг.

Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки, преку следење на линковите за исклучување на определена опција во долниот дел од електронската порака: "За да се одјавите од овој newsletter, Ве молиме кликнете тука."

Или, Вашите права може да ги остварите на едноставен начин со контакт на:
Е-маил адреса: customercare@anhoch.com
Контакт телефони: (02) 329 66 55 (02) 313 52 33(02) 329 01 55

 

Останато

Оваа политика на приватност стапува на сила од Август 2021 година.

Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на интернет странатa www.anhoch.com  најмалку 10 дена пред да стапат во сила.