Замена / враќање на производ
Почитувани потрошувачи,
Анхоч нуди можност за замена на производ што е купен во продажната мрежа на Анхоч во рок од 15 дена од купувањето.
Замената може да биде направена доколку се исполнети следните услови:
- Производот да не е употребуван и заедно со амбалажата да е во иста состојба како што е купен
- Амбалажата несмее да биде оштетена на било кој начин и истата мора да ги има фабричките пломби и етикети.
- Клиентот да ги приложи фискалната сметка и пропратната документација
Замената потрошувачите може да ја реализираат во салонот од каде е издадена фискалната сметка.
Важно: За производи кои се продаваат без амбалажа и фабрички пломби, производот претходно се праќа на овластен сервис кој ќе потврди дека производот е автентичен, не е употребуван и не е оштетен .
Во случај да нема заменски производ и купувачот побара поврат на платениот износ, средствата за купениот производ се враќаат во иста форма како кога е платен производот:
- Доколку сте го платиле истиот во готово, ќе бидат вратени средствата во готово.
- Во случај кога сте го платиле со платежна картичка, средствата се враќаат преку сторнирање на трансакцијата во матичната банка.
- Во ваков случај постапката од страна на Анхоч се врши веднаш, меѓутоа процедурата до комплетна реализација во банките може да потрае до 30 дена, во зависност од банката
- Важно: Повратот на средствата најчесто се евидентира на вашето конто со датум на кој била направена трансакцијата, т.е. кога производот бил купен, а не на датумот кога е вратен производот или кога сте ги добиле средствата назад.
- За замена на производ платен преку потрошувачки кредит или синдикална продажба, важат условите наведени во договорите склучени со давателите на услугите.
- За замена / враќање на производ купен online на нашата интернет страна www.anhoch.com важат истите услови со напомена дека сите трошоци за транспорт/достава на производот се на сметка на купувачот.
- Доколку клиентот лично го донесе производот/ите во одделот за интернет продажба, замената/повратот на средства ќе биде извршен веднаш.
- Доколку клиентот сака производот да го врати преку служба за достава, потребно е претходно да го најави истото. По пристигањето и извршена проверка на производот ќе биде реализирана замената/повратот на средства за истиот.